Фестивал Охридско Лето

И оваа година, Аутомакедонија со гордост е покровител на 64-тото издание на фестивалот Охридско Лето.

Со задоволство го поддржавме овој значаен настан за македонската култура кој 64 години овозможува светски, реномирани уметници да гостуваат и да настапуваат пред македонската публика во Охрид.

Шеесет и четвртото издание традиционално ќе биде свечено отворено на 12.07 (Петровден), со грандиозен концерт на Џулијан Рахлин – светски познатиот и признат виолинист, диригент, солист, камерен музичар и педагог, придружуван од оркестарот на Македонската Филхармонија, кој пак оваа година прославува 80 години од своето основање.

Манифестацијата ќе трае 40 дена, а до 20 Август на отворените сцени на Античкиот Театар, Долни Сарај, Центарот за култура и црквата Света Софија, ќе бидат пречекани над 1000 уметници од 25 земји.

На фестивалската сцена на Охридско лето изминативе 64 години се одржани над три илјади приредби со повеќе од 50 илјади уметници од сите страни на светот. Тоа е потврда дека фестивалот по својата единственост, уникатност и неповторливост е еден од столбовите на македонската културна традиција.

Сподели
Facebook
X
LinkedIn