Аутомакедонија на 63-тото издание на Охридско Лето

Automakedonija - Ohridsko Leto

Чест и гордост ни е што трета година по ред сме горд покровител на фестивалот Охридско Лето и го поддржуваме овој значаен настан за македонската култура. Овој фестивал 63 години овозможува реномирани уметници од целиот свет да гостуваат и настапуваат пред македонската публика во Охрид и претсавува симбол на македонската традиција, култура и долговековна културна историја.

Оваа година Отварањето на 63-тото издание на најголемата музичка манифестација во Македонија и регионот започна со гламурозниот концерт на светски познатата оперска дива Ангела Георгиу, која настапи во придружба на Оркестарот на Националната Опера и балет, под диригентската палка на маестро Чипријан Теодорашку од Романија. Почетокот на 63-тото издание на „Охридско лето“ беше означен со традиционалниот фестивалски оган што го запали директорката на НУ „Охридско лето“ Наташа Поповиќ и интонирање на фестивалската химна напишана  од еден од најпознатите македонски композитори Томислав Зографски, како и со кревање на фестивалското знаме кое заедно со огнот ќе бидат препознатлив симбол на фестивалските денови  во наредните 40 дена.

Сподели
Facebook
Twitter
LinkedIn