По донацијата за изградба на енергетско ефикасна фасада во ООУ „Стив Наумов“ во населбата Автокоманда, Аутомакедонија го разубави овој проект со еден значаен мурал. Покрај тоа што учениците и вработените во училиштето добија подобри услови за едукација и работа, со овој проект учениците беа поттикнати да размислуваат на темата „Среќно детство во мојот зелен град“ и подготвија цртежи заедно со своите учителки како одговор на задачата. Избраниот цртеж на ученикот Никола Тоневски (13 години) е пренесен на новата фасада како мурал кој ќе ги потсетува учениците на позитивните вредности и љубовта кон нивниот град Скопје.