Винарска визба Тиквеш АД Кавадарци

Винарска визба Тиквеш ја става благосостојбата на своите вработени како еден од најважните приоритети, дел од ова е и приватното здравствено осигурување, поради што услугата од нашиот осигурителен партнер, АМ Брокер ни е од големо значење.

Сакаме да го истакнеме задоволството на нашите вработени од услугата, доверливоста и поддршката која ја добиваат од вработените во АМ Брокер.

АМ Брокер како компанија е насочена кон задоволството на клиентите и истото го постигнува на најефикасен и најефективен начин.

Доказ за ова е и интерната анкета која ја спроведовме, во која вработените го изразија своето задоволство за услужливоста, пресретливоста и професионалноста добиена во однос на приватното здравствено осигурување.