Политика за квалитет, заштита на животната средија и безбедноста и здравјето при работа
Водена од мисијата, визијата и стратегијата за развој, Аутомакедонија АД Скопје се обврзува да негува одговорен пристап кон клиентите, вработените, добавувачите, акционерите, заедница и сите други заинтересирани страни. Аутомакедонија АД Скопје е јасно определена кон интегрирана политика за квалитет, заштита на животната средина и безбедноста и здравјето при работа, со фокус на следните цели:
- Одржување и постојано подобрување на воведениот Интегриран Систем за Менаџмент и примена на меѓународните стандарди ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и ISO 45001:2018, во согласност со почитувањето на релевантната Законската регулатива и прописите од областа на заштита на животната средина и безбедноста и здравјето при работа.
- Континуиран техничко-технолошки развој на работните процеси преку обезбедување соодветни ресурси и вложувања во материјали со позитивни еколошки перформанси со цел обезбедување здрава и безбедна работна средина, минимизирање на потенцијалните ризици за вработените и посетителите и обезбедување одржливо работење.
- Одговорно управување со процесите во компанијата преку поставување, остварување и надминување на јасно поставени цели во сите домени на работењето и низ целокупната организациона поставеност.
- Фокус кон обезбедување извонредна услуга на клиентите во сите домени на работењето на компанијата и континуирано подобрување на резултатите преку мерење на задоволството на клиентите и превземање активности за задржување на постојните и стекнување нови клиенти.
- Препознатливост и конкурентност на квалитетот на услугите во областа на продажбата на моторни возила и сервисните услуги и постојано подобрување на асортиманот на производи и услуги.
- Унапредување на знаењата и вештините на вработените и развој на стручната компетентност и одговорност кон работата и особено развој на одговорноста на вработените кон политиките за квалитет, заштита на животната средина и безбедноста и здравјето при работа.
- Идентификација, процена и контрола на ризиците од повреди или болести поврзани со работните процеси и опкружувањето и преземање на редовни мерки за зачувување на здравјето на вработените и обезбедување на најсоодветна задолжителна лична заштитна опрема.
- Посветеност на заштита на животната средина преку мерење на влијанието на клучните процеси, вклучително и имплементација на програми за превенција од загадување, рационално користење на енергијата како и намалување, соодветно складирање и отстранување на отпадот од работењето.
- Одговорна интерна и екстерна комуникација со сите заинтересирани страни за мисијата, визијата, стратегијата и плановите на Компанијата како и за политиката за квалитет, заштита на животната средина, и безбедност и заштита при работа.
Скопје, 18.06.2022
Генерален директор,
Игор Илиевски